(Видео) Грешките на босанските судии му го одземаа хет-трикот на Ливаја

Хрватскиот напаѓач во дресот на Интер, Марко Ливаја, одигра сјаен натпревар за својот Интер во последното коло од Лига Европа. 

Во ремито против Нефтчи на Сан Сиро (2-2), младиот напаѓач од Каштела беше стрелец за двата гола на домаќините. Првиот го постигна уште во деветтата минута со асистенцијата на Переира, потоа изедначи Садигов, а Ливаја ја претвори асистенцијата на Нагатомо во водство за Интер од 2-1. 

На минута пред крајот на регуларниот дел на средбата, Азербејџанците преку Каналес извлекоа бод, но тоа не им помогна, бидејќи имаат вкупно три во сите групни натпревари. Треба да се каже дека Ливаја постигна и трет погодок, но судијата од БиХ, Емир Алечковиќ погреши кога не го призна истиот. 

Во наредната рунда од натпреварувањето, покрај Интер, продолжува и Рубин Казан (со 14 бодови), кој ремизираше со Партизан (1-1), кој заврши последен со 3 бода и најлоша гол-разлика (3:8). 

Пронајдете не на следниве мрежи: