4 (лоши) мажи кои ќе ги сретнете на интернет

Интернетот е занимливо место, а денес се повеќе се користи за запознавање на луѓе. Како и во реалниот живот, на Интернетот постојат повеќе видови на мажи, а овие се најчестите:

Лажго

Никогаш нема да ни биде јасно зошто мажите на своите профили пишуваат дека се високи 1,90 метри, или дека се сметководители кога се невработени. Јасно е дека сакаат да ги привлечат жените, но секоја жена на првиот состанок ќе сфати дека тој ја лажел, па затоа и нема да постои втор состанок.

 

Семеен човек

На профилот е со својата жена, но и покрај тоа тој флертува како да е сосема слободен. Ваквите мажи не само што се лоши спрема својата сопруга, туку и се глупи. Ако веќе планираат да бидат заводници преку интернет, треба да бидат доволно паметни да отворат втор профил. 

 

Тип кој навредува

Некој мажи мислат дека со постојаните навреди, ќе постигнат многу повеќе отколку со комплиментите, па наместо убаво да разговараат со жените, тие само потфрлаат и ја иритираат во онлајн разговор. Ваквите мажи на овој начин се обидуваат да надохнадат за комплексот на помала вредност, од која очигледно патат. Тоа не е добра карактеристика нели?

 

Спонзор

Ќе ви купи се што ќе посакате, само ако му дадете прилика? Мажите на овој начин се обидуваат да го придобијат женскиот интерес, а јасно е дека не се добар материјал за врска. Освен што се фалат со својот материјален статус, тие многу често знаат и да лажат.

Пронајдете не на следниве мрежи: