Ракометниот сојуз на Србија (РСС) им се извини на српската и европската јавност, особено на норвешкиот тим и ракометарката Лин Јорум Суланд, која српскиот тренер Саша Бошковиќ ја повлече за дрес.
Настанот се случил за време на натпреварот помеѓу Норвешка и Србија, одигран на 4.декември, во рамките на А групата, кој Норвежанките го добија со 28:26.
„Ве молиме прифатете го нашето извинување поради тоа што се случи во ‘жарот на борбата’ за време на натпреварот. Ваков акт нема да биде повторен од тренерот на српскиот национален тим, Саша Бошковиќ. Во духот на фер плејот, на сите учеснички на Еуро 2012 им посакуваме да се пласираат во понатамошната фаза од натпреварите“, се вели во соопштението кое до новинарите го лиферуваше РСС.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: