Фото: Деми Мур лудуваше со Лени Кравиц

Најновите фотографии од Деми Мур на забавата на модната куќа Шанел, предизвикаа голема фама и прашања. Нејзините роднини и пријатели се загрижени поради нејзините лудувања и излегувања во ниќните клубови. Тие сметаат дека е време таа да го стабилизира својот живот, но таа не се грижи премногу околу тоа.

Американските медиуми пренесуваат дека никој од присутните не бил толку добро расположен како актерката. Пристутните, меѓу кои Лени Кравиц и Џорџ Клуни биле и малку шокирани од нејзиниот однос.

За оваа забава, Деми носеше кратко сиво трико и високи потпетици. Во еден момент од вечерта, таа почна да се фотографира со косата преку лицето, додека страсно го прегрнуваше Лени. На забавта беше присутен и Вито Шнебел, новото момче на Деми, но тие не позираа заедно.

Деми и понатаму е во официјален брак со Ештон Качер и се уште не му дава развод, од причини не познати за јавноста.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: