Хакери упаднаа во компјутерот на екс-шефот на здружената команда на САД

Припадниците на американското федерално истражно биро FBI откриле хакери кои упаднале во компјутер на поранешниот началник на Здружениот генералштаб на вооружените сили на САД, адмирал Мајкл Мален, пишува во четвртокот весникот Wall Street Journal.

Според податоците на весникот, цел на сајбер криминалците биле компјутерите на адмиралот Мајкл Мален во Поморската академија во Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд, каде пензионираниот адмирал има своја канцеларија.
Поранешниот началник шеф на Здружениот генералштаб е член на советодавниот комитет во Стејт департментот и на централната разузнавачка агенција CIA, и така има пристап до класифицирани информации. Покрај тоа, минатиот месец Мален беше изгласан за член на комисијата за истрага за нападот врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази, кога на 11-ти септември годинава беше убиен американскиот амбасадор во Либија и уште тројца припадници на дипломатската мисија.
Извор близок до истрагата рекол дека трагите од сајбер нападите доаѓаат од Кина. Тој, исто така, не ја отфрлил можноста дека хакерите добиле пристап до електронската пошта на адмиралот Мален. Самиот адмирал изјавил дека во своите лични компјутери не зачувувал доверливи материјали. Експертите на FBI, според овој изворот на весникот, ги земале компјутерите на Мален кон крајот на  октомври, а ги вратиле на средината од ноември.
Должноста началник на Здружениот генералштаб, највисоката воена позиција во САД, Мален ја извршуваше од октомври 2007 до септември 2011 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: