Федерер за шест егзибициони меча ќе добие 12 милиони долари

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер ќе заработи 12 милиони долари за шест ревијални натпревари во Јужна Америка.

Федерер в наредните десет дена ќе одигра шест мечеви во Бразил, Аргентина и Колумбија, а неговата мини турнеја по јужноамериканскиот континент ќе заврши на 16 декември во Богота.
Во Сао Пауло, Федерер ќе игра против Томас Белучи, Жо-Вилфред Ѕонга и Томи Хас, потоа во Буенос Аирес треба да игра против Хуан Мартин Дел Потро, а турнејата завршува во Богата, каде повторно ќе игра против Ѕонга.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: