Државата Вашингтон ја легализираше марихуаната

Loading...

Стотици љубители на марихуаната се собраа недалеку од познатата кула Вселенска игла во Сиетл за да во облак чад го прослават легализирањето на марихуаната во американската сојузна држава Вашингтон.

Со овој потег државата Вашингтон влезе во историјата како прва американска држава којашто го легализираше поседувањето марихуана за лична употреба на возрасни лица.
Ова јавно собирање во центарот на Сиетл всушност претставува кршење на клучната одредба од овој историски закон, кој им забранува на корисниците да консумираат марихуана, освен во приватноста на нивните домови.
Главниот обвинител на градот Сиетл во средата издаде остро предупредување дека консумирањето на марихуаната на јавни места нема да биде толерирано и дека прекршителите ќе се соочат со казни од сто американски долари.

Меѓутоа, полицијата соопшти дека добила упатство своите активности да ги ограничи на предупредување, барем во прво време.
Новиот закон, кој беше усвоен во ноември под терминот Иницијатива 502, не предвидува казнени санкции за лица постари од 21 година коишто поседуваа 28,5 грама или помалку марихуана за лична употреба. Исто така, се легализира и поседувањето до 0,45 килограми производи коишто содржат канабис, како на пример кекс, и до 2,4 килограми тревка во течна форма.
Меѓутоа, управувањето возила под влијание на канабис, или употребата на јавни места, каде консумирањето на алкохолот веќе е забрането, останува незаконско.
Продажба, одгледување и делењето на своите резерви и натаму останува кривично дело, иако законот дозволува поединци да купат ограничено количество за лична употреба.

Макфакс

loading...
Loading...