Најновата снимка од Земјата ноќе од вселената ја покажува целата нејзина убавина на досега невиден начин.
Снимката ја направи сателитот Suomi NPP, со помош на нов вид на инфрацрвен сензор (VIIRS), а претставена е на конференцијата на Американската Геофизичка Унија, која се одржува во Сан Франциско.
Споенатиот сензор на сателитот може да открие извори на природен и вештачки извор на светлина со досега незабележана прецизност и во висока резолуција. Може да разликува се, од атмосферско светло до светла на само еден брод на среде океан, пренесува Wired.
Сензорот открива и аурори, пожари, светлина од месечината и ѕвездите на облаците и мразот, па дури и автомобилските светла од автопатите. Тој сензор има 6 пати подобра просторна резолуција и 250 пати подобра светлосна резолуција од било што што било во употреба пред него.
VIIRS работи на дури 22 различни бранови должини, а секој пиксел се засилува, додека светлината притоа не ја заситува фотографијата или снимката. Погледнете го видеото.
Пронајдете не на следниве мрежи: