Љубовта е една од најмистериозните нешта на светот. Секој различно ја доживува и дефинира. Колку и да ја игнорираме, сакаме и уживаме во неа, постојат неколку мисли кои се заеднички за неа.
Прочитајте што мислат познатите за љубовта…
– Би сакал да верувам дека љубовта е реципрочна работа, дека не може да биде навистина почувствувана ако само една личност ја искажува…- Шон Пен
– Мажот може да спие со многу жени. И никој нема ништо да го праша, но ако жената направи 19 или 20 грешки, веднап е ороспија – Џоен Риверс
– Постојат само три работи кои им се потребни на жените во животот: Храна, вода и комплименти. –Крис Рок
– Единствените суштества кои се способни да чувствуваат и даваат чиста љубов се кучињата и сирачињата. – Џони Деп
– Колку поголем е капацитетот да сакате, толку поголема би била болката. – Џенифер Анистон
– Знаете дека станува збор за љубов, тогаш кога се што сакаш на светот е таа личност да биде среќна, иако можеби вие нема да бидете дел од таа среќа. – Џулија Робертс
– Се е многу појасно кога си заљубен! – Џон Ленон
– Дефинитивно постои опасно чувство кога си заљубен…тоа е подарување на твоето срце на некој за кој знаете дека ќе ја има контролата врз вашите чувства. Знам по себе, иако се обидувате да бидете силни, љубовта е опасна игра. – Бијонсе
– Љубовта е како пријателство зафатено од оган. Во самиот почеток, тоа е зафатено со мало жарче, често е жестоко но дава светлина. Како што љубовта расте, нашите срца созреваат и нашата љубов станува се поладна но е веќе дел од нашето тело. – Брус Ли
– Да се биде храбар, значи да се љуби неограничено без да се очекува нешто за возврат. Едноставно да давате…за тоа треба храброст бидејќи не сакате да паднете на вашите лица или да останете отворени да ве повредат.- Мадона
– За мене љубовта е некој да ми каже дека сака да биде со мене до крајот на мојот живот, дека се што му е потребно сум јас, и дека би скокнале од авион за мене! – Џенифер Лопез
– Едноставно ''Те сакам'' значи многу повеќе од парите. – Френк Синатра
– Никогаш немој да се омажиш за маж од кој не би сакала да се разведеш – Нора Ефрон
– Бисексуалноста автоматски ги дуплира шансите за состанок во сабота навечер. – Вуди Ален
– Главниот проблем меѓу мажите и жените, кога е сексот во прашање, е во тоа што мажите се како пожарникари. Ним сексот им е итен случај, и што и да прават можат да бидат спремни за 2 минути. Од друга страна, жените се како оган. Возбудливи, но условите мора да бидат идеални за да се започне нешто. – Џери Сајнфилд.
Пронајдете не на следниве мрежи: