Силен земјотрес на североистокот на Јапонија, нема информации за жртви

Loading...

Земјотрес со магнитуда од 7,3 степени според Рихтер го погоди североисточниот дел на Јапонија, заради што крајбрежниот дел на префектурата Мијаги беше погоден од морски бран висок еден метар.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви, како ни за материјална штета. Епицентарот на потресот, пренесува Ројтерс, бил на длабочина од 40 километри источно од најголемиот јапонски остров Хоншу, а агенциите јавуваат дека се почувствувал и во Токио.
По првиот уследил уште еден послаб земјотрес со јачина од 6,2 степена.
Истата префектура Мијаги во март 2011 година беше погодена од земјотрес и цунами во кои смртно страдаа 20.000 луѓе, а беше оштетена и нуклеарната централа во Фукушима.
По предупредувањето за цунами, токиската енергетска компанија Тепко им нареди на работниците кои работат на санација на нуклеарката Фукушима, да ја напуштат електраната. Тепко соопшти дека нема нерегуларности во нуклеарните централи со кои управува.

макфакс

loading...
Loading...