Безглава кокошка живеела 18 месеци

Loading...

Ова е веројатно една од најпознатите бизарни приказни, една од оние за која многумина имаат слушнато а во која има многу сомнежи. Се работи за кокошка (поточно, петел), по име Мајк која наводно живеела 18 месеци откако и ја отсекле главата.

Приказната започнува на 10 септември 1945 во американската сојузна држава Колорадо, кога фармерот Лојд Олсен се обидел да го убие својот петел за вечера. Замавнувајќи со секирата, бил изненаден од фактот што Мајк станал и продолжил да се шета како ништо да не се случило. Заклучокот бил дека фармерот не ја пресекол виталната артерија.

 

Сфакајќи дека Мајк не е мртов, тој се одлучил да не оди против судбината на кутрото животно, па продолжил да го храни со млеко и понекогаш со зрна пченка. Сфакајќи дека кокошката станала хит, тој почнал да го води низ земјата на турнеја и да заработува од него. 

Петелот живеел 18 месеци, а умрел во мотел во Аризона кога изненадно се удавил во сопствената крв. На врв на неговата популарност, оваа несреќна и измачена животинка  заработила 5000 долари.

 

Во неговата чест во Колорадо во 1999 востановен е Ден на безглавата кокошка Мајк.

 

Во тој однос, ако се прашувате дали е вистина или лага, одговорот е ВИСТИНА!

loading...