Каролин Смит е жената која се прослави со прифаќање на понудата на еден сајт за онлајн казино да ја истетовира нивната веб страна на своето чело за 10.000 долари. Таа го понудила своето чело како рекламен простор, по оргалост на страната дека бараат личност која за 10.000 долари ќе ја истетовира нивната веб страна на своето чело.
“Можеби за другите тоа е глупаво и бизарно, но за мене 10.000 долари се како милиони и поради тоа ја прифатив оваа понуда“, изјави Каролин Смит. Пред да ја донесе одлуката, таа се консултирала со своето момче и размислувала цели три недели.
По нејзиниот храбар потег, неколку лица објавија онлајн огласи дека го нудат своето чело како рекламен простор.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: