Српската полиција во петокот уапсила извесен 47-годишник Горaн К. од селото Ѓурѓево во Шумадија, откако на 30-ти ноември извршил несекојдневно кривично дело – кражба на селски мост тежок 2,2 тони кој го продал за 300 евра.
Осомничениот бил приведен пред истражниот суд во Основниот суд во Крагуевац со кривична пријава за тешка кражба, имајќи предвид дека челичната конструкција на мостот всушност чини повеќе од 10 илјади евра.
Во полициското соопштение дека осомничениот на 30-ти ноември претпладнето ја украл челичната конструкција на мостот преку реката Рача, така што претходно го понудил мостот на продажба, а на заинтересираните купувачи им се претставувал како негов сопственик и донатор кој на истото место наместо стариот ќе подигне нов мост.
Сопственик на мостот, инаку, е месната заедница на селото Ѓурѓево, меѓутоа купците непроверувајќи ја сопственоста дошле опремени со градежни машини, со камион и дигалка, ја исекле челичната конструкција и ја однеле плаќајќи му на Горан К. по пазарна цена за старо железо – 15 српски динари за килограм, така што за 2,2 тони „продавачот“ добил заработка од 300 евра.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: