Google на црногорски начин

 

Најпопуарниот интернет пребарувач, гугл, доби “конкурнеција”. Имено, црногорците неодамна го покренаа goosle.me, а идејата е борба “против колективната аМНЕзија”.

Вака стои во официјалното соопштение на основачите на сајтот. Нивна идеја е да создадат нов црногорски пребарувач кој ќе ги архивира сите текстови, слики и документи кои сведочат за политичката историја на Црна Гора. Тука влегуваат војните походи, сомнителните работи, организираниот криминал, непотизмот, уцените и слично. Проектот служи исклучително за потребите на граѓаните на Црна Гора и е замислен како двосмерен канал за комуникација со медиумите и граѓаните.

Имено, сите заинтересирани новинари и граѓани ќе можат да пронајдат релевантни податоци за државата, а медиумите праќаат информации и документи до goosle што се од општ интерес, кои се архивираат во сајтот.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: