5 нешта кои ги прават паметните луѓе

Кевин Даум, книжевник и еден од соработниците на порталот Inc. одлучил да направи мала компилација од корисни совети кои ќе ни помогнат полесно да научиме и останеме отворени за нови идеи. 

Имено, Даум тргнал од претпоставката дека голем дел од луѓето не размислуваат за тоа КАКО учат. Тој тврди дека мнозинството претпоставува дека учењето доаѓа природно. На пример, слушаето некој во секојдневен разговор или на предавања и апсорбирате информации. Даум тврди дека не е така. колку повеќе стареете, толку е потешко учењето, а ако мозокот го полните со информации, имате помалку простор за нови идеи и мисли.

Даум, како човек кој верува дека се учи низ целиот живот, додава дека од година во година тој станува се позатворен за нови идеи. 

Првиот негов совет е дека учењето никогаш не престанува и дека желбата за учење секогаш мора да биде посилна од желбата да бидете во право. Светот се менува и нови идеи се појауваат секој ден, а вие на некој начин морате да ги инкорпорирате во сопствениот живот за да останете вклучени и релевантни. Ова се методите кои ќе ви помогнат да го постигнете ова, тврди авторот. 

1. Стишете го својот внатрешен глас

Станува збор за гласот кој служи како внатрешен коментар на она што другите ви го зборуваат. Тоа е гласот кој го произнесува вашето мислење за информациите кои ги впивате. На многумина им е полесно да го слушаат тој внатрешен глас отколку гласот на говорникот, а баш тоа е причината пораид која пропуштате многу важни информации. Фокусирајте се помалку на тоа што има да го каже вашиот мозок, а повеќе на она што говорникот ќе го каже. Ќе се изненадите од нештата кои ќе ги чуете. 

 

2. Расправајте се самите со себе

Ако не можете да го стишите својот внатрешен глас, претворете го во предност. Секој пат кога ќе сфатите дека вашиот внатрешен глас оди против ставот на противникот, застанете и обидете се да завземете поинаков став. “Предложете” му на својот мозок некои причини поради кои говорникот би можел да биде во право. ВО најдобар случај, ќе се отворите за информациите кои ви се нудат. А ако не успеете во тоа, барем ќе ги зајакнете вашите аргументи. 

3. Однесувајте се како да сте љубопитни

Некои луѓе по природа се љубопитни, а некои не. Независно од тоа во која категроија се вбројувате, однесувањето како љубопитна личност може да ви донесе само корист. Наредниот пат кога ќе впивате некакви информации, запишете 3 до 5 важни прашања. Ако сте на некакво предавање, побарајте ги одговорите подоцна. Ако сте сред разговор, прашајте го соговорникот. Во секој случај ќе научите повеќе, а смислувањето на прашања ќе ви помогне во процесот на создавање на концепти во мозокот. 

 

4. Пронајдете барем зрно од вистината

Нема концепти ниту теории кои се појавиле од ведро небо. Некаде во опширниот концепт кој звучи како апсолутна глупост се наоѓа одреден аспект кој е втемелен на факти. Дури и во случаите кога не можете да прифатите одредена идеја, треба да се обидете да пронајдете барем зрно од вистината која довела до неа. Однесувајте се како детектив и донесувајте заклучоци. На тој начин ќе ги зајакнете вашите способности за носење заклучоци, а  и ќе го подобрите првичниот концепт. 

5. Концентрирајте се на пораката, не на нејзиниот испраќач

Понекогаш луѓето веднаш се исклучуваат од разгворот поради личноста која ги пренесува информациите. Независно од тоа дали се работи за досаден предавач, некој кој ви е физички непривлечен или некој со кој не делите исто мислење, личноста која комуницира со вас може да влијае на вашето учење. Значи, научете како да ја одделите содржината од донесителот. Однесувајте се како да не ја познавате личноста или неговит еубедувања и обидете се информациите да ги согледате објективно. Ако некој е навистина досаден, обидете се слушањето да го претворите во игра. 

Пронајдете не на следниве мрежи: