Најубавите облакодери во светот

Loading...

Светот е во фаза на револуција во областа на архитектурата во последните години, Богатите градежници вложуваат во развој на архитектурата, натпреварувајќи се меѓу себе за тоа кој ќе го изгради највисокиот и најинтересниот облакодер.

Компанијата за информации од областа на градежништвото Emporis води сметка за сите овие проекти во последните 12 години, а секоја година се доделуваат награди за најдобриот нов облакодер. 

Овогодинешниот победник се наоѓа во Њујорк, каде што архитектот Френк Гехри проектираше станбена кула која привлекува внимание со својата необична фасада и примена на модерни технологии. Њујорк Тајмс го нарече “најубавиот облакодер во Њујорк во последните 50 години.”

Погледнете ги најубавите 5 облакодери во светот оваа година. Изборот го направија експерти од областа на архитектурата од целиот свет. 

 

5. Кулата “F&F”, Панама – 250 метри

Не, оваа слика не е обработувана на Photoshop; највисоките 39 ката се ротирани околу централната оска на градбата за таа да добие специфичен изглед. Долните 13 ката на градбата се гаражи за паркинг. 

 

4. KK100, Кина – 450 метри

Највисоката градба во Шенжен содржи канцелариски простор и хотел. На долните катови од градбата има трговски центар. 

 

3. Кулите Etihad, Обединетите Арапски Емирати – 300 метри

Пет кули со висина од 56 до 79 ката го сочинуваат овој комплекс во Обединетите Арапски Емирати. Како и некои други градби во Обединетите Арапски Емирати, обликот на градбите треба да наликува на едра, како придонес за историјата на градот како пристаниште. 

 

2. Al Hamra, Кувајт – 411 метри

Оваа градба е како камелеон. Има три стаклени површини свртени кон водата и една камена страна свртена кон пустината. Лобито на градбата е високо околу 20 метри. 

 

1. 8 Spruce Street, Њујорк – 265 метри

Легендарниот архитект Френк Гехри вели дека ја дизајнирал градбата така да таа изгледа како да е направена од некаков лесен материјал. Гехри го постигнал ефектот со тоа што ги поместувал позициите на прозорците од еден до друг кат. Позната како “Њујорк од Гехри”, тоа е втората највисока станбена зграда на западната хемисфера. 

 

loading...