Милан спремен за ангажман на Снајдер?

Денес е последниот обид за договор меѓу играчот на Интер, холанѓанецот Весли Снајдер и управата на клубот, Снајдер бара клубот да го пушти, но се чини дека Морати нема да наседне на оваа идеа на холанѓанецот.

Снајдер денес ќе има состанок со својот агент Сорен Лерби но и со челниците на Интер во обид за договор.

Меѓутоа, шансите за договор меѓу Интер и Снајдер се мошне мали, холанѓанецот останува на тоа дека нема да се откаже од шесте милиони евра по година, не сака да му се намали платата, и спремен е да оди до крај.

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат дел од италијанските медиуми, се вели дека Милан е спремен да му понуди повисока плата на Снајдер, но не и да го плати обештетувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи: