Поранешниот тренер на Челзи се налути на правилата на УЕФА натпреварувањата со кои клубовите од Лигата на Шампионите им се овозможува да играат и во Лига Европа.
Испаѓањето од Лигата на Шампионите, првакот на Европа, Челзи, својот европски поход го продолжува во Лига Европа, во која пласман во елиминационата фаза обезбедија уште и Ливерпул, Њукасл, но и Тотенхем.
Токму тренерот на Тотенхем, а поранешен тренер на Челзи, Вилаш Боаш, прокоментира за правилата на УЕФА кои „ги наградуваат клубовите кои се елиминирани“.
„Тоа навистина не е фер. Не можете да им давате награди и бонуси на екипи кои не успеале. Во ситуација каква што имаме во моментов во форматот на натпреварувањето, клубовите кои не успеваат во Лигата на Шампионите како награда добиваат учество во Лига Европа“ изјави Боаш.
Пронајдете не на следниве мрежи: