Солскјаер: Сити е помал брат на Јунајтед

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, моментално тренер на Молде, на мошне интересен начин го опиша ривалството меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Викендот кој е пред нас донесува големо градско дерби, дуел меѓу двете првопласирани екипи на табелата во Премиер Лигата, екипи кои водеа голема борба за титулата во ланската сезона.

Со свое видување на ова дерби и Оле Гунар Солскјаер.

„Ситуацијата во која се наоѓаат клубовите од Манчестер е слична со ситуацијата која е премногу карактеристична за фамилијарните односи. Кога сте помлад брат секогаш имате желба да дадете се од себе и да го надминете постариот брат“ изјави Солскјаер.

Пронајдете не на следниве мрежи: