Младиот фудбалер на екипата на Париз Сент Жермен ги демантираше шпекулациите кои во медиумите беа пласирани околу него, а тој беше поврзан со трансфер во Јувентус.
Последните неколку денови медиумите во Италија шпекулираа дека младиот фудбалер на ПСЖ, Марко Верати би можел да се пресели во екипата на Јувентус.
Имено, според тврдењата кои се појавија, евентуалното заминување на Карло Анчелоти, кој би можел да биде отпуштен поради слабите резултати, би дало и можност за заминување на Марко Верати, односно негов трансфер во Јувентус.
Меѓутоа, Верати демантира такво нешто, се заблагодари на Јувентус за интересирањето и потврди дека останува во ПСЖ.
„Убаво е да се слушне дека еден голем клуб како Јувентус е заинтересиран за вас, но јас размислувам само за ПСЖ“ изјави Верати.
Пронајдете не на следниве мрежи: