Финска се подготвува за можен распад на еврозоната

Финска се подготвува за можен распад на еврозоната, во време на сè поизразени тензии во еврозоната и предупредува дека повеќе нема да толерира крпење на дупките без дно и скриеното основање на фискална унија.

„Мораме отворено да се соочиме со можноста од распад на еврозоната”, рече Ерки Тоумиоја, долгогодишен министер за надворешни работи и член на Социјалдемократската партија, една од шесте во владејачката коалиција.

Неговата изјава досега е најотворено предупредување на некој висок функционер од еврозоната.

извор:

https://www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: