Гаел Монфилс, 26-годишниот француски тенисер, заврши оваа сезона на скромен и за него премногу лош пласман на 77-мото место на АТП листата.
Беше во еден момент и седми играч во светот, но падна поради пропуштање на дури три од четирите Гранд Слем турнири поради повредата на коленото.
„Тој е тенисер за првите десет и никогаш да не испадне од тој круг. Говорам околу неговиот талент, бидејќи тој вреди за самиот тенисерски светски врв“ изјави Хенри Леконте, некогашен великан на светскиот тенис и сонародник на Монфилс.
„Тој е во големи проблеми, и потполно е изгубен. Монфилс нема претстава што да прави бидејќи е еден ден сака да биде тенисер, друг ден сака да се занимава со фудбал, третиот ден би сакал да биде кошаркар, нему му е потребна помош, тој потполно го изгуби компасот, слушам и дека премногу слабо тренира“ вели Леконте каде надополнува дека Монфилс би можел дури и да оди до таму што би се откажал од тенисот.
Пронајдете не на следниве мрежи: