Албанскиот премиер Сали Бериша побара од Министерството за образование во училиштата да се воведе изучување на кинескиот јазик.
Бериша ова барање го истакна на меѓународната конференција за образование која се одржува во Албанија.
Тој вели дека големиот економски развој на Кина бара нови пазари па поради тоа, според него, многу е важно да се знае и кинескиот јазик.
Тој побара од надлежните да ги преземат сите активности за да се создадат услови во училиштата да се изучува кинескиот јазик.
Албанскиот премиер на неколку пати и претходно ја изнесе оценката дека изучувањето на кинескиот јазик е многу потребно.
Во последно време зголемена е трговската размена на Албанија со Кина, а кинеските бизнисмени сè повеќе се заинтересирани за инвестирање во Албанија.
Макфакс