Поради дефект затворен аеродромот во Будимпешта

Технички проблем во електричниот систем на контролната кула на аеродромот во Будимпешта Ференц Лист доведоа во петокот до затворање на аеродромот.

Ова го соопшти портпаролот на аеродромот Михаил Харди, изразувајќи надеж дека аеродромот повторно ќе биде отворен во сабота во 10 часот, но не можеше со сигурност да ја потврди информацијата.

Повеќето летови денеска беа пренасочени кон аеродромот во Виена, а дел од летовите на нискобуџетните компании беа насочени кон Дебрецин.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: