Медицинската сестра што наседна на шегата за Кејт најдена мртва

Медицинската сестра што наседна на шегата на телефонскиот повик на двајца австралиски радио водители коишто се претставија како кралицата Елизабета и принцот Чарлс е пронајдена мртва, пренесува BBC.Според Sky News, медицинската сестра Џакинта Салдана, којашто беше на дежурство минатата среда во лондонската болница Едвaрд Седми во времето на додека таму беше хоспитализирана војвотката од Кембриџ , Кетрин Мидлтон, во петокот била пронајдена мртва во нејзиниот дом, а според првичните сомневања станува збор за самоубиство.  Меѓутоа, сé уште нема официјална потврда за тоа.

 

Несреќната жена непрепознавајќи го акцентот примила лажен телефонски повик од личност којашто се претставила како британската кралица Елизабета Втора и го пренасочила повикот на друга сестра која потоа ги издала медицинските податоци за здравствената состојба на пациентката.
Управата на болницата Едвард Седми во која работела Салдана, а во која од понеделникот до четвртокот меше сместена војвотката од Кембриџ поради проблеми во раната бременост, објави дека станувало збор за првокласна, почитувана и популарна меѓу персоналот и пациентите медицинска сестра која во таа болница работела повеќе од четири години.
BBC пренесува дека во петокот попладне полицијата добила повик дека една жена е пронајдена во бесвесна состојба на адреса во центарот на Лондон,
Болницата во соопштението потврди дека починатата неодамна беше жртва на лажен телефонски повик во болницата, како и дека и’ била пружена поддршка во текот на тешкиот период за неа.
По инцидентот, управата на болницата, станува збор за приватна клиника од затворен тип, му се извини на кралското семејство и вети дека ќе ги преиспита внатрешните регулатива за телефонските повици од надвор.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: