Фото: Фиго и неговата поубава половина

Фиго и неговата поубава половина, Хелен, одлучија да поделат со јавноста малку интимни детали од нивниот приватен живот, а Португалецот призна дека љубовта е се поголема од ден во ден со оглед на фактот што се 11 години во брак.

40-годишниот Фиго и неговата 36-годишна сопруга, Хелен Сведин, во брак се 11 години. Тие се запознаа во Барселона, пред доаѓањето на Фиго во Реал и веќе имаат три ќерки, Даниела Мартина и Стела.

„Да заборавам на неа? Невозможно, таа е секогаш со мене во мислите, Хелен е одлична сопруга и одлична мајка. Никогаш не би можел да успеам без нејзина поддршка“ изјави Фиго, притоа надополнувајќи дека и е благодарен што секогаш била со него.

Пронајдете не на следниве мрежи: