Беспилотно летало уби командант на Ал Каеда во Пакистан

Пакистански племенски извори во саботата соопштија дека во напад на американско беспилотно летало е убиен висок командант на Ал Каеда, пренесува Reutеrs.

Командантот Абу Заид уште десет негови соборци се убиени во напад изведен со беспилотно летало врз нивното засолниште во пакистанската покраина Северен Везиристан, според изворите. Абу Заид само неколку дена пред нападот дошол во ова засолниште во областа којашто граничи со Авганистан.
Пакистански разузнавачки извори рекле дека знаат за нападот кој се случил во четвртокот, но не можеле да го потврдат идентитетот на убиените борци на Ал Каеда.
Заид во јуни годинава го замени Абу ал-Либи на местото на еден од највлијателните команданти на пакистанските ограноци на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда откако што ал-Либи, исто така, беше убиен во напад на американско беспилотно летало.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: