Избегната трагедија: Диско кугла ќе ја убиеше Драгана Мирковиќ

“Тоа беше навистина страшно, кога топката падна на самото место каде што стоев пред неколку минути.
За среќа, јас се тргнав во вистински момент“, изјави потресената српска пејачка Драгана Мирковиќ.
Драгана била на пробно сминање за новогодишна емисија во телевизијата “Хепи“ кога се случил овој инцидент. 
“Фала му на Бога, сите што бевме присутни таму сме живи и здрави. Никој не беше повреден. Тоа беше страшно кога топката падна на местото каде што пред неколку секунди стоев. Тоа што се поместив неколку секунди пред падот на топката се нарекува среќа и интуиција. Не можам да го објаснам овој настан, освен да кажам дека стрингот на кој се држела топката бил лабав“, изјави Мирковиќ. 
 
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: