Влатко Илиевски: Сакам да направам одлична забава со многу музика, гитари, песни

Во пресрет на промоцијата на својот нов албум “Нека биде по твое“ и најавата за претпразничен концерт, разговаравме со Влатко Илиевски за неговите подготовки пред овој концерт, за неговите идни планови, но и се потсетивме и го навративме на неговото учество на Евровизија 2011-тата година.

Влатко Илиевски е еден од најпопуларните поп-рок пејачи на македонската музичка естрада, а своите почетоци на музичката сцена ги започна како главен вокалист во хард-рок групата “Морал“.

Некоја традиција ги следи македонскитепејачи, па по Евровизија целосно згаснуваат, но ова не е случај и кај тебе, колку Евровизија ти помогна во кариерата?

 

–      “Можам да кажам дека за подобра и поголема афирмација ми помогна, имам уште една хит песна, во биографијата Евровизија е влезена како настан каде што сум бил. Но еве после фестивалот, продолжувам максимално да работам, спремен и снимам нови работи, па можеби затоа не сум дел од таа традиција“. 

 

Дали повторно би се пријавил за учество?

 

–      “Секако, дури и секоја година би сакал да учествувам, тое е едно огромно искуство, кое би му го посакал на секој музичар“.

 

Подготвуваш концерт во Универзална Сала, кој се твоите очекувања?

 

–      “Едноставно, сакам пред скопската публика, а секако и за сите оние што ќе дојдат да направам една одлична забава, со многу музика, гитари и песни. Не знам што да очекувам, еве ги поканувам сите што се во можност да дојдат и да уживаат во добрата свирка“.

 

Што е најтешко при подготовка на солистички концерт?

 

–      “Се е тешко. Јас ништо не оставам случајно од музичките проби до маркетинг делот, плаката, билборди, радио и телевизиски реклами. Едноставно мора да се внимава на секоја ситница“.

 

Колку време е потребно за организирање на еден ваков концерт?

 

–      “Јас го планирав 2-3 месеци, но еве на терен сме само една недела и мислам дека ќе биде се во најдобар ред“.

Има ли Влатко посебни ритуали при почетокот на концертот?

 

–      “Немам, ќе бидам целиот ден во сала, ќе направиме уште една генерална проба, после ќе седнеме на едно кафе и сите заедно во 20:30 одиме накај универзална сала“.

 

Кои се твоите идни планови во новата 2013-та година?

 

–      “Повторно по 3-ти пат го планирам концертот за денот на вљубените и виното на 14-ти февруари, веднаш потоа ќе има уште некоја песна со спот и настап низ градовите низ Македонија“.

 

Дали имаш планови за балканска кариера?

 

–      “Секако дека имам, но се си има свој пат, мислам дека сеуште имам недовршени работи тука, но веќе следната година ќе се посветам повеќе на проектот за целиот Балкан“.

 

Со кого од балканската сцена би снимил дует?

 

–      “Имам многу музика преслушано од целата балканска сцена, имав чест да настапувам и да снимам со дел од нив, но еве кога би избрал секако дека би сакал да снимам со Бајага, Ван Гог, Филм, Прљаво Казалиште, Парни Ваљак“.

Каде најчесто можеме да го видиме Влатко?

 

–      “Овие денови сум низ целото Скопје, постојано одам од едно на друго место, сакаќи да бие се под конец за концертот. Инаку имам 2-3 убави мирни места каде што редовно поминувам на кафе и да прочитам по некој весник“.

 

Како успеваш да направиш баланс на денот со оглед на тоа што свирките се преку цела ноќ?

 

–      “Е тоа е нешто што најмногу ме уморува, но знам и со 3-4 часа спиење веќе да бидам подготвен да функционирам за следниот ден“.

 

Кога имаш слободно време, како го користиш?

 

–      “Повторно со работа. Постојано нешто снимам, дали во мобилниот телефон додека возам или записувам милиони листови што ги имам по џебовите..сега за сега немам слободно време“.

 

 

На кој момент од животот се сеќаваш со насмевка?

–      “Секој ден што ќе помине го памтам по нешто убаво, така да секој ден кога ќе се разбудам, започнувам со насмевка од нешто што се случило претходно. Но, намногу сум среќен кога сите околу мене се среќни“.

 

Типретставува ли проблем кога за тебе се објавуваат невистини и трачеви во медиумите?

 

–      “Не, само нека пишуваат, ако може да биде веста објавена на насловна би било поубаво и секако да има поголема слика“.

 

Концертот на Влатко Илиевски ќе се одржи во Универзална сала во понеделник на десети декември. Влатко подготвува доста изненадувања за овој концерт, а на сцената ќе се појават и дел од авторската екипа на албумот, Дарко Тасев и Дојчин. Како предгрупа ќе настапи и младата скопска рок ен рол дружина “Швалери“.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Loading...