Марко Ливаја: Би сакал да останам на Сан Сиро и да го освојам Скудетото

Марко Ливаја е најдобриот стрелец на Интер во Лига Европа, а со четирите погодоци се наоѓа на четвртото место на вкупниот поредок.

Пред овој 19-годишен фудбалер се Кавани со 7 голови и Бобадиља со 5 погодоци во ова натпреварување. По четири постигнаа шесторица играчи меѓу кои се Дефо од Тотенхем и Рондон од Рубин.

Сите тие се искусни играчи со голем рејтинг, со оглед на своето име во европскиот фудбал. Но, и Ливаја оди со крупни чекори, секоја прилика што ќе му ја укаже тренерот Андреа Страмачиони ја искористи на најдобар можен начин.

Против екипата на Нефчи (2-2), повторно заигра од првата минута и тој потег се покажа како добитен за екипата на Интер.

„Секој играч се чувствува по слободен кога ќе почне како стартер на некој натпревар. Имав прилика и за трет погодок, но не сакам премногу. Секогаш ми е убаво, убаво се чувствувам кога ќе постигнам гол. Со право тогаш можам да кажам „Јас ја завршив работата““ изјави Ливаја за „Јутарњи“ по мечот со Нефчи.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: