Роман Абрамович му понуди на Пеп Гвардиола 17 милиони евра годишно доколку од следната сезона го презеде тимот на Челзи.
Доколку поранешниот тренер на екипата на Барселона ја прифати понудата би бил убедливо најплатениот фудбалски тренер во историјата на фудбалот.
Моментално најскап договор има португалецот Жозе Мурињо кој во Реал Мадрид заработува 15,3 милиони евра по сезона.
Италијанецот Карло Анчелоти во ПСЖ има плата годишно од 13,5 милиони евра, додека пак неговиот сонародник Марчело Липи во кинескиот Гуангжоу Евергранде има годишна плата од 10 милиони евра.
Според пишувањата на англиските медиуми, како алтернатива за Гвардиола се споменува и тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп, а не се исклучува и можноста да Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“, доколку португалецот го напушти тимот на Реал Мадрид.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: