Во втората трка во супервелеслалом од женската скијачка сезона славеше Американката Линдзи Вон и го забележа четвртото славење во последните пет трки.
Како втора заврши Тина Мазе, а за одличен Американски ден се погрижи третопласираната Хулиа Манкузо па и седмопласираната Теза Ворли.
Линдзи Вон е несопирлива во бележењето победи во Светскиот Куп. Американката славеше и во вториот суперслалом од сезоната во Ст. Мориц и дојде до четвртата победа во последните осум денови.
„Денес размислував како да имам нова прилика и одам да ризикувам. Тоа и го направив по по вчерашниот ден во кој не поминав многу добро“ изјави Линдзи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: