По двата погодоци кои ги постигна во четвртокот во Лига Европа, на настапот на Марко Ливаја во домашното реми против азербејџанскиот Нефчи со свој коментар се вклучи и тренерот на Интер, Андреа Страмачиони.
Задоволен од учинокот на 19-годишниот хрватски напаѓач, Страмачиони истакна дека во миланскиот клуб немаат намера да го препуштат Ливаја на некој друг.
„Ливаја со своите погодоци е вистински протагонист, и јас лично но и моите соработници од тимот имаат добро мислење за него, одлучивме да го задржиме со оглед на тоа дека има квалитет“ изјави Страмачиони.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: