Интер во недела навечер во рамките од 16-тото коло од Италијанската Серија „А“ лига ќе игра дерби меч против тимот на Наполи, а како што е потврдено, тренерот на Интер, Андреа Страмачиони, за тој натпревар нема да смета на Весли Снајдер.
Според информациите кои ги пренесува клубот, се вели дека Снајдер има повреда, и токму таа е причината која ќе го одалечи холанѓанецот од овој натпревар.
Но, од извор близок до Снајдер, во италијанските медиуми се пренесува сосема друга информација.
Сопругата на Снајдер на својот профил на „Твитер“ објави дека Снајдер не е повреден и дека со него се е во ред, барем здравствено.
Сепак, со свој коментар се јави и Страмачиони.
„Единствено што ми е важно е да играчот ми каже што мисли во лице, а се останато, вклучувајќи го и „Твитер“, воопшто не ме интересира“ беше јасен во својата изјава Страмачиони.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: