Бразилецот Хулк на почетокот од сезоната стигна во руски Зенит и со оглед на големите очекувања не му донесе на својот клуб голем резултат.
На тоа се надоврза и несогласувањето со тренерот на Зенит, италијанецот Лучијано Спалети, но се чини дека сите проблеми се решени.
Трансферот вреден 40 милиони евра го доведе бразилецот Хулк од редовите на Порто во руски Зенит, и со тоа Хулк стана најголемата ѕвезда на екипата од Санкт Петерзбург, сепак, во овие неколку месеци сеуште не ги оправда очекувањата.
„Се е решено, разговарав со тренерот и со управата и ние сме транспарентни едни кон други. Никогаш не сум бил заменет три пати по ред, но сега е се јасно“ изјави Хулк притоа надополнувајќи дека е посветен на Руското Првенство и цел му е да освои титула со Зенит во ова првенство.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: