Леброн Џејмс: Над оваа екипа има облак, не играме добро во одбраната!

Леброн Џејмс уште еднаш се осврна на проблемите кои го мачат тимот на Мајами Хит во досегашниот тек од НБА-сезоната.

Без оглед на тоа што актуелните прваци изгубија два натпревари во низа, резултатски и понатаму е се во ред, но на играчки план стојат мошне лошо.

Дури и на натпреварите во кои доаѓаа до победа, играчите на Мајами Хит во последно време не импресионираа со својата игра, посебно во одбраната, која им е најголем проблем во раниот дел од НБА-лигата.

За поправки во делот на одбраната, тимот на Мајами има доволно време, но без оглед на тоа, во екипата на Мајами не се безгрижни, со свои зборови уште еднаш изјави Леброн Џејмс.

„Над нашата екипата има облак, а причината е што не играме во одбраната добро, онака како што треба“ изјави Џејмс.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: