Лазаров: Не се сомневам во квалитетот и искуството на нашата селекција

Нашиот репрезентативец Кире Лазаров во интервју за „Спортнет“ изјавува дека Македонската ракометна репрезентација е доволно искусна и квалитетна и дека ќе ја искористи секоја можна прилика што ќе излезе во пресрет.

„Најважно е да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања, само така овој спорт во нашата земја може да остане на големи патеки, имавме пост од десет долги години без големи натпреварувања, но сега имаме квалитетна и искусна репрезентација со која ќе одиме чекор по чекор“ вели Лазаров во интервју за „Спортнет“.

„Доколку ни излезе прилика за некој поголем пласман, имаме доволно искуство да ја искористиме, пред се мораме да бидеме здрави и добро спремени бидејќи сепак Светското првенство е најсилно натпреварување во нашиот спорт“ изјави Лазаров.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: