Имајте секс за добро утро

 

Денот го почнувате со утрински ритуали, туш, појадок, мали вежби но во вашата агенда треба да го вметнете и утринското водење љубов, по можност три пати неделно. Се прашувате зошто?…Одговорот го најдоа научниците од Универзитетот Queen’s во Белфаст кои дојдоа до податоци дека со утрински секс може да се намали ризикот од срцев и мозочен удар за 50%, и тоа доколку го практикувате три пати во неделата.

 

Ако страдате од мигрена или висок крвен притисок – утринскиот секс е идеален начин да ги ублажите овие состојби.

Покрај сето ова и имунолошкиот систем може да профитира, затоа што преку сексот се ослободуваат антитела кои го зајакнуваат одбранбениот состав на организмот.

 

Покрај тоа што го лечи телото, утринскиот секс има благотворно влијание и врз умот. Ги зголемува мозочната активност и будноста, како и општата ментална состојба. За време на оргазмот се ослободува окситоцин – хормонот на љубовта и среќата, кој лесно ќе ве опушти и ќе ве направи спокојни.

Пронајдете не на следниве мрежи: