Ферги бара голман

Англиските медиумите пренесуваат дека екипата на Манчестер Јунајтед е во потрага по голман, бидејќи Де Геа и Линдегард не се вклопија добро во тимот.

Откако се повлече Едвин Ван Дер Сар, Манчестер Јунајтед мака мачи со голманската позиција, па постојано овој тим е во потрага по солидна замена за легендарниот голман.

Манчестер Јунајтед нема голман кој дава добри партии во овој тим.

Давид Де Геа блесна на неколку натпревари од минатата сезона, Андрес Линдегард исто така, но медиумите од Англија се повеќе и повеќе шпекулираат дека Алекс Фергусон сеуште не е мирен околу оваа позиција и дека постојано е во потрага за доведување на уште еден голман.

Како потенцијално решение се споменува 25-годишниот босански интернационалец од редовите на Стоук, Асмир Беговиќ.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: