Тренерот на екипата на Квинс Парк Ренџерс е во потрага по напаѓач во зимскиот преоден трансфер период, а се шпекулира дека идеален би бил ангажманот на Николас Ањелка.
Ситуацијата во КПР не може да биде полоша од оваа во моментов, со оглед на тоа дека КПР е во мошне лоша положба во Англиската Премиер Лига според играчкиот и резултатскиот план, па додатен проблем на овој тим е што двајца напаѓачи од типот на Боби Замора и Ендру Џонсон се повредени, па така тренерот Реднап мора да најде замена.
Како еден од потенцијалните фудбалери кои би се преселиле во овој тим е французинот Николас Ањелка, кој моментално е во тимот на Шангај.
„Не знам каква е ситуацијата со Ањелка, во секој случај играч од неговиот калибар и квалитет премногу би ни одговарал“ изјави Реднап.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: