Алеш Пипан: Против Партизан да го продолжиме ритамот

Тренерот на екипата на МЗТ Скопје, словенецот Алеш Пипан, во пресрет на дуелот со Партизан во рамките од 12-тото коло од АБА лигата вели дека МЗТ Скопје мора да продолжи во ист ритам како што играше на минатите натпревари.

„Свесни сме за квалитетот кој го поседува тимот на Партизан, но за нас ова е натпревар како и секој друг што го играме на гости. Ќе мора да одиграме најдобро што можеме, во ритам каков што играме на последните неколку натпревари“ изјави Алеш Пипан за официјалната веб страна на клубот.

Американецот во дресот на МЗТ, Кејд Дејвис, вели дека МЗТ мора да обрне внимание во одбраната.

„Мораме да продолжиме да ја играме нашата игра, да обрнеме максимално внимание на одбраната, да останеме агресивни во тој дел во текот на целиот натпревар и да ги намалиме грешките во нападот“ беше дел од изјавата на Кејд Дејвис за официјалниот сајт на МЗТ Скопје.

Натпреварот Партизан-МЗТ Скопје се игра утре со почеток од 19 часот.

Извор/Изјави/Фото : www.mztskopjeaerodrom.mk

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: