Осамени сте? Изнајмете си момче!

 

Јапонците се следбеници на доста бизарни трендови. Еден од нив е и Soine-ya Prime, услугата креирана за осамни дами.

Оваа услуга нуди изнајмување на млади момци, кои ќе се однесуваат со вас како со вистинска девојка, па дури и ќе преспијат во истиот кревет со вас, но без никакви сексуални активности. Основачите се водиени од идејата дека во одредени ноќи луѓето се чувствуваат премногу осамено, и одат до тој степен да плаќаат на потполн странец за со нив да ја помине ноќта.

Инспирација на оваа услуга е тв серијата Шимшим, која го прикажува животот на млади разведени жени и нивните приблеми по разводот. Еден од посериозните е не можноста да спијат сами во кревет. Набрзо открија дека е полесно да заспијат ако до нив има некој маж. Sonie-ya Prime им нуди на клиентите речиси се, од преспивање во ист кревет и романтични вечери, до чистење на куќата и спремање на вечера во нејзиниот дом.

На вработените им е забрането да ги допираат клиентките на интимните места, да се тушираат со нив, да се бакнуваат, да се фотографираат заедно, како и да ги контактираат приватно. Почетната цена на услугата во време трање од 7 часа е 364 долари, а за да ја добиете максималната услуга од 12 саати треба да одвоите 580 долари. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: