Тони Брекстон боледува од Лупус

 

Атрактивната 45 годишна пејачка Тони Брекстон, во петокот, преку твитер, им соопшти на своите фанови дека е хоспитализирана. Таа напиша дека поради “мали здравствени проблеми” поврзани со нејзината болест – лупус, ќе помине неколку дена во болница.

Авторката на хитот Unbreak my heart дозна пред 2 години дека боледува од оваа опасна, автоимуна болест, која лесно може да доведе до смрт. Нејзиниот вујко починал од истата болест. Тони исто така има проблеми со згрутчување на крвните садови околу срцето.

Поради сериозните проблеми со здравјте, таа ги откажа сите закажани концерти и настапи, што доведе до нејзин бакрот. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: