Ова прашање се постави денеска откако светските медиуми известија дека поранешниот светски шампион во шах и денешен опозициски активист во Русија, гризнал полицаец во моментите кога бил приведуван.
По пресудата за од три години затвор за групата Пуси Рајот (Pussy Riot) тој бил гневен и протестирал. Московската полиција соопшти дека приведени се 60 протестанти, меѓу кои и Каспаров, како и опозицскиот лидер Удаљцев.
На двајцата опозиционери не им било јасно зошто биле приведени, додека пак полицијата изјави дека протестите преминале во хаос и било нужно да се приапси повремено за да се воведе ред.
Пронајдете не на следниве мрежи: