Google ја подобри Youtube апликацијата за iPhone и iPad

Loading...

Компанијата Google понуди подобрување за Youtube апликацијата за iPhone и iPad.
Апликацијата сега поддржува три различни големини на екранот, стримингот е овозможен преку AirPlayer, а линкот не содржи опис на видеото. Апликацијата нуди квалитетно и брзо репродуцирање.

Апликацијата Youtube доаѓаше инсталирана на уредите со оперативен систем iOS се додека Apple не се откажа од нив, како и од Google мапите. Промените ги донесе новиот iOS 6.
Google понуди и многу подобрена Gmail апликација за iOS. Софтверот доби идентичен изглед како и верзијата намената за десктоп компјутерите.. Универзалната Youtube апликацијаза iOS е достапна за бесплатно преземање.

loading...