Славната реалити ѕвезда е неутешна, по само четири месеци, нејзината мачка Мерси починала.
31-годишната Ким персиската мачка Мерси ја доби на подарок од своето момче, но подоцна дозна дека е алергична на мачки.
„Толку се заљубив во Мерси што се обидував да направам се за да ја задржам, но мислев дека не е толку сигурно да добивам алергиски инекции“, напишала Ким на Твитер.
После тоа, Мерси ја чувала асистентката на нејзината сестра Клое, но изгледа дека мачката се разболела.
„Мерси се разболе, имаше проблеми со желудникот за кои никој не ни знаел. Сиротото маче почина следниот ден“, напишала Ким.
„Моето срце е скршено, Мерси беше нежна и сакана мачка, и на сите многу ќе ни недостига. Им благодарам на сите кои краткиот живот на Мерси го исполнија со љубов. R.I.P. Мерси!“, напишала Ким на нејзиниот блог.