Многу луѓе зборуваа за врската на Џони Деп со двојно помладата Амбер Херд. Злобниците тврдеа дека таа само го искористува познатиот актер за полесно да се пробие во Холивуд.
Но по се изгледа дека нивната врска е доста посериозна од што сите мислеа. Парот, кој е заедно од летово, купува заеднички имот вреден 4 милиони долари. Станува збор за ранч со куќа со 19 спални соби во Тенесии.
Изворите на американските медиуми тврдат дека купувањето на овој имот е уште една желба што Џони и ја исполнува на младата актерка.
Таа отсекогаш сакала да јава коњи, а Џони е во постојана потрага по место надвор од очите на јавноста, па затоа решиле да го купат овој имот.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: