Благодарејќи на најстариот еротски прирачник – Кама Сутра, ви преставуваме три пози кои на мажот и жената ќе им овозможи уште подобро сексуално уживање.
Испробајте ги овие пози, кои би требало најбрзо да ве доведат до оргазам!
Поза 69
Една од омилените пози за секс е познатата 69. Жената лежи преку мажот или обратно, а главите им се во меѓуножјето на партнерот. Оваа поза овозможува примање и давање, а лесно може да се постигне и заеднички оргазам. Предност е тоа што рацете се слободни, па оралното задоволување може да се збогати со “рачно” стимулирање. Позата 69 е лесно изводлива, а нуди двократно уживање.
Поза пеперутка
Мажот лежи на грб, а жената седи на него така што го гледа во очи, а со свиени нозе го обвиткува околу торзото. Кога мажот е во неа таа се движи кружно, или во форма на дијамант: лево, доле, десно, горе. Освен тоа, во оваа поза жената има контрола и сама може да ја одредува длабочината на пенетрација и брзината на движењата, што ќе и помогне полесно да постигне оргазам.
Поза лажичка
Ова е идеална поза за утрински секс! Мажот е зад жената, двајцата лежат на страна, додека нозете им се свиткани кај колената. За оваа поза не треба многу енергија, а на партнерите им дава чуство на блискост и поврзаност. Со оглед на тоа што мажот е позади, додатно може да ја стимулира девојката (клиторисот) со раце.
Уживајте!