Родена е без нозе, оди на раце и вози скејт

Американката Роуз Сигинс, на барање на нејзината мајка, од две години е со ампутирани нозе бидејќи со оглед на генетското пореметување, тие немале никаква функција. 

Без оглед на хендикепот, Роуз е венчана, родила две здрави деца и се грижи за целото семејство.Родена со ретко генетско пореметување, поради кое нејзините нозе по раѓањето биле деформирани, а стапалата биле свртени во спротивен правец. Нејзината мајка се согласила на ампутација, со цел Роуз да има нормално детство.

 

Роуз пораснала покрај својот ментално заостанат брат во Колорадо. Целиот свој живот таа верувала дека нејзината мајка ја донела вистинската одлука кога се согласила да и ги отстранат нозете.

Доколку земете Барби кукла и ги откинете нозете, тоа што останува е торзо со раце. Таа смета дека има се, здрави и нормални органи и убав живот. Единствено нема нозе. 

 

Своето детство го врзува за основното училиште во кое на почетокот и барале да носи протези за да не се одвојува од другите деца. Меѓутоа, навикната на нејзиното тело, Роуз го одбила тоа и после инсистирањето на нејзините родители, сепак одлучила да се врати во училиште. 

Без оглед на хендикепот, Роуз денес живее како и било која друга личност. Излегува, се дружи, има деца и е венчана. 

 

Нејзините деца е медицински феномен. Лекарите сметале дека не е можно некој со пореметување како нејзиното да може да роди здрави деца. Роуз е доказ за спротивното. Таа има две здрави деца. 

 

Нејзината мајка е болна од рак, татко и од Алцхајмерова, а со оглед на тоа дека нејзиниот брат е на ниво на 8 годишно дете, Роуз ја превзема грижата за целото семејство и за своите две деца.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: