Славната актерка Ким Бесинџер пред два дена го прoслави својот 59 роденден во друштво на својата ќерка и нејзиниот свршеник. Поранешната сопруга на Алек Болдвин прошета со нив низ Беверли Хилс со што го доби целосното внимание од папараците.
Тие успеаа да “уловат” дел од неа и да ни покажат како изгледа Ким на скоро 60 години. Одговорот е – боженствено. Овој секс симбол на 80те и 90те години на минатиот век, во обична дневна комбинација изгледа прекрасно, а од нејзиното лице воопшто не можат да и се прочитаат годините.
Поранешната балерина се уште одлично ја одржува својата тенка линија и не открива за јавноста што е нејзината тајна за беспрекорниот изглед.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: